• четврток, 26 декември 2024

Во Србија осигурените депозити достигнаа 25,3 милијарди евра, најзастапени заштедите на граѓаните

Во Србија осигурените депозити достигнаа 25,3 милијарди евра, најзастапени заштедите на граѓаните
Белград, 31 октомври 2022 (МИА) -  Во Србија на крајот на третиот квартал од годинава вкупните осигурени депозити изнесуваат 25,3 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата за осигурување на депозити. Тоа е повеќе од трипати од износот од 2008 година, кога гарантираниот износ на заштеди во банките по депонент беше зголемен на 50.000 евра, се наведува во соопштението. Вкупните средства на сметките на граѓаните, претприемачите и микро, малите и средните правни лица во изминатите 14 години се зголемиле во просек за 10 отсто годишно. Две третини од сите осигурени депозити се на граѓаните. паг/

Остани поврзан