• среда, 25 декември 2024

Во Србија од почетокот на годината регистрирани 114 случаи на мали сипаници

Во Србија од почетокот на годината регистрирани 114 случаи на мали сипаници

Белград, 5 јуни 2024 (МИА) - Од почетокот на годинава во Србија се регистрирани 114 случаи на мали сипаници, јави дописникот на МИА од Белград.

Коко што соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, најголем дел од заболените се регистрирани на територијата на Белград - 76 случаи во рамките на епидемијата пријавена на 22 февруари 2024 година. На територијата на Нови Сад се регистрирани четири случаи на морбили. Заболените лица се постари од 30 години.

Еден случај на мали сипаници е потврден кај дете од Стара Пазова, а сипаници се регистрирани и на територијата на Бор, потоа во областа Колубара - два на територијата на Ваљево, Мионица, Лозница, Врање, а заболените се на возраст од 40 години и со непознат статус на вакцинација.

На територијата на Јужнобанатскиот округ е забележана епидемија во која се регистрирани десет потврдени случаи на мали сипаници.

На територијата на Ниш се регистрирани девет случаи на морбили кај седум невакцинирани деца на возраст од 15 месеци до четири години и двајца возрасни над 45 години со непознат статус на вакцинација. Епидемија на мали сипаници е пријавена и на територијата на Нови Пазар со три болни лица.

Од 7 февруари 2024 година во Србија заострени се мерките за епидемиолошки надзор на мали сипаници.

-Имајќи ги предвид наведените околности, периодот на заразноста и сезоната, воспоставените контакти, мерките на построг надзор треба да се спроведуваат до понатамошно известување, односно најмалку до крајот на двојниот максимален период на инкубација од последниот регистриран случај и согласно проценката на епидемиолошката состојба во епицентарот на епидемијата, наведуваат во Батут. об/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан