• сабота, 21 декември 2024

Во Србија и вечерва аплаузи, удирање по тенџериња против диктатурата и контрапротести

Во Србија и вечерва аплаузи, удирање по тенџериња против диктатурата и контрапротести

Белград, 30 април 2020 (МИА) - Низ цела Србија и вечерва за време на полицискиот час граѓаните во 20 часот аплаудираа во знак на поддршка на медицински работници кои се борат против епидемијата на коронавирус, а пет минути подоцна од прозорците и терасите, удираа по тенџериња, и со свирки и музика го изразија своето незадоволство од потезите на властите.

Акцијата „Подигни глас: Со бучава против диктатурата“ ја покренаа иницијативата „Не дави го Белград“ и „Граѓански фронт“.

Музика и тенџериња се слушаа и во Ниш, Нови Сад, Крагуевац и во други градови во Србија.

Аплауз и свирежи се слушнаа и пред народното собрание, каде лидерите на опозицијата организираа протест против, како што кажаа, „неуставното воведување на вонредната состојба и мерките за затворање на српските граѓани “.

После аплаузот за поддршка на медицинските лица и акцијата „Со бучава против диктатура“, се случија и контра-протести на приврзаниците на владеачката партија, со малку помал интензитет од вчера и без факели, изразувајќи пораки на поддршка на Српската напредна странка, со критики на опозицијата. об/

Остани поврзан