• сабота, 21 декември 2024

Во Србија зголемуваат додаток за првородено дете на повеќе од 4.000 евра,з авторо дете - над 5.000 евра

Во Србија зголемуваат додаток за првородено дете на повеќе од 4.000 евра,з авторо дете - над 5.000 евра

Белград, 20 јануари 2024 (МИА) - Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе се зголеми од 378.000 на 500.000 динари (4.300 евра), во согласност со политиката на државата за зголемување на бројот на раѓања.

„Кога ќе се роди првото дете ќе добиваат од државата - и не зборувам за дополнителни бенефиции од локалните самоуправи - 500.000 динари, а за второто нема да добијат веќе 460.000 динари, туку 600.000 динари. За третото и четврто дете, тие мерки ќе бидат посериозни и ќе добијат повеќе пари“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Белград на презентацијата на проектот „Скок во иднината 2027“.

Тој посочи дека мајките со уште повеќе деца ќе добијат дополнителни, посебни награди „да знаат дека се гордост на општеството и да не бидат предмет на потсмев и критика“.

„Ја подигнавме вкупната стапка на фертилитет, од 1,46, што е на работ да исчезне Србија, на 1,63, што е лошо, но најмалку лошо во целиот регион. Нашата цел е таа стапка на фертилитет да се подигне на 1,75 до крајот на 2027 година“, рече претседателот на Србија. зш/

Остани поврзан