• вторник, 12 ноември 2024

Во Србија годишно се произведуваат 50 милиони литри ракија

Во Србија годишно се произведуваат 50 милиони литри ракија

Белград, 19 декември 2023 (МИА) - Во Србија годишно се произведуваат околу 50 милиони литри ракија, од кои 30 милиони се произведуваат во дестилерии регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека останатите 20 милиони литри се произведуваат за лична употреба, покажуваат податоците на Стопанската комора на Србија, Покрај тоа, секоја година во Србија се отвораат околу 100 нови дестилерии.

Најголеми производители на ракија се во областите Расин, Златибор и Шумадија, а меѓу најбараните ракии се ракии од сливи, круши и дуњи. Податоците на Стопанската комора на Србија покажуваат и дека во оваа земја се регистрирани околу 730 производители на силни алкохолни пијалоци и дека извозот на ракија на странските пазари годишно расте за повеќе од 20 отсто.

Ракијата главно се извезува во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Германија и САД, но почна да се извезува и во Азербејџан, Литванија и Летонија.

Минатата година српската ракија Сливовица беше официјално вклучена во листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. ссм/

фото: архива

Остани поврзан