Во Сплит приведен српскиот актер Сергеј Трифуновиќ
- Сплитските полицајци го приведоа познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ. Според информациите на Слободна Далмација, тој денеска го шетал своето куче на плажата Каштелет во Сплит, што им пречело на граѓаните кои го пријавиле.
Сплит, 8 септември 2023 (МИА) - Сплитските полицајци го приведоа познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ. Според информациите на Слободна Далмација, тој денеска го шетал своето куче на плажата Каштелет во Сплит, што им пречело на граѓаните кои го пријавиле.
Откако пристигнала полицијата, Трифуновиќ почнал да ги навредува и омаловажува, поради што полицијата морала да реагира со приведување.
Пријавен е за две кривични дела, чување животно без надзор и навреда на полицајци. Тој моментално се наоѓа во Сплитскиот прекршочен суд каде дава исказ.
Како што дознава Слободна Далмација, станува збор за германски овчар со кој Трифуновиќ си играл и ги игнорирал забелешките на минувачите и граѓаните кои потоа биле принудени да повикаат полиција. ссм/
фото: архива