• четврток, 19 декември 2024

Во сообраќајна контрола на влезот во Арачиново, санкционирани прекршоци

Во сообраќајна контрола на влезот во Арачиново, санкционирани прекршоци

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - На влезот пред скопско Арачиново, вчеравечер во периодот од 21.30 до 22.30 часот од полициски службеници на МВР, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, извршена е акциска контрола на лица кои управуваат возила, во однос на почитување на прописите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

- За време на контролата биле констатирани четири сообраќајни прекршоци, од кои најмногу за управување возило без возачка дозвола и за непочитување на прописите кои важат за возач-почетник, непоседување на соодветна документација за возилото и неносење на заштитен појас, и сите се соодветно санкционирани, соопштија денеска од МВР.    

Акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во заедницата. цр/

Фото:МИА

 

Остани поврзан