• четврток, 26 декември 2024

Во сообраќајка тешко повредено 10 годишно девојче на велосипед во велешко Горно Оризари

Во сообраќајка тешко повредено 10 годишно девојче на велосипед во велешко Горно Оризари

Велес, 3 април 2024 (МИА) - Во СВР Велес вчера попладне во 16 часот било пријавено дека во велешкото село Горно Оризари, на крстосница од улица „Партизанска“ со улица „Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која настрадало десетгодишно девојче на велосипед.

Во сообраќајката учествувале велосипед управуван од малолетничка од село Горно Оризари и патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48 годишниот С.Б. од село Горно Оризари.

Како што информира денеска Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес, за МИА информира дека во болницата нешто по 16 часот било донесено 10 годишно девојче од село Горно Оризари, велешко, на кое и била дадена итна лекарска помош и упатена во оддел за Радиодијагностика,каде била  констатирана скршеница на рачен зглоб.

-По укажаната лекарска помош од страна на хирург,пациентката е пуштена на домашно лекување,појасни Андова. ад/цр

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан