• сабота, 27 јули 2024

Во сообраќајка во Велес повредена 78 годишна жена, задржана е во велешката болница

Во сообраќајка во Велес повредена 78 годишна жена, задржана е во велешката болница

Велес, 23 јули 2024 (МИА) - Сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22 часот  на улицата „Пенчо Давчев“ во велешката населба Речани пред Управна зграда на ЈП „Македонија пат“. Во директен судир на автомобил и камион, повредена е 78 годишната С.Ш., која од возилото ја извадиле велешките пожарникари,информира за МИА, од СВР Велес,портпаролот Билјана Ѓаковска.

На повредената и била укажана прва помош од екипата на Итна помош и била однесена  во Ургентниот центар  во Општа болница во  Велес. Лекарите по извршените прегледи констатурале фрактура на пршленско тело. Повредењната е надвор од животна опасност, но е  задржана  во Одделението за ортопедија и трауматологија во болницата  на понатамошно лекување.  

Во 22:10 часот повик за несреќата примила Службата за Итна помош на Здравствен дом Велес. Екипа составена од лекар и медицинска сестра излегле на терен, информираа од Итната медицинска помош Велес. Појаснуваат дека повредената 78 годишна жена  С.Ш. од возилото ја извадиле велешките пожарникари.

Како што информира началник  д-р Василка Поп Стефанова Панова, во судар на автомобил со камион повредена е жена родена 1946 година. Пациентката била  затекната во автомобилот со болки во слабинскиот дел на кичмата и затворена повреда на главата.

-Беше побарана асистенција од Територијалната противпожарна единица Велес. По пристигнувањето на пожарникарите повредената пациентка беше извлечена од автомобилот. На лице место и беше укажана лекарска помош и по направена мобилизација со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општа болница Велес за понатамошно иследување, појасни д-р Поп Стефанова Панова. ад/цр

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан