• сабота, 23 ноември 2024

Во Сомалија убиени 70 терористи на Ал Шабаб

Во Сомалија убиени 70 терористи на Ал Шабаб

Могадишу, 25 април 2024 (МИА) - Во воздушна операција против организацијата Ал Шабаб во Сомалија, неутрализирани се 70 членови на таа организација.

Во сомалискиот регион Мудуг е извршена воздушна операција против терористичката организација Ал Шабаб, соопшти Министерството за информации.

Во акцијата загинаа 70 членови на организацијата, а 30 се повредени.

Во истиот регион вчера беа убиени повеќе од 150 припадници на Ал Шабаб во редовните операции против таа организација.

Додека сомалиската армија ги интензивира операциите против Ал Шабаб, членовите на организацијата се насочени кон цивилни и воени области. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан