• среда, 25 декември 2024

Во Собранието утре прва официјална координација

Во Собранието утре прва официјална координација

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - Во Собранието утре ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Претходно, како што информираат пратеници за МИА, имало неформална средба на претставници на парламентарните партии.

Претседателот на Собранието Гаши за МИА потврдува дека утре ќе има средба и дека ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата, но вели не знае дали ќе има договор.

Партиски извори за МИА велат дека најнапред ќе се формираат комисии за овие закони да бидат разгледани, па потоа тие да дојдат на седница. На утрешната координативна седница, како што се посочува, ќе се договара таа динамика.

Официјалните информации во однос на преговорите за состав на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се дека разговорите се уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека се уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада. Од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, пак, информираа дека во текот на следната недела ќе биде доделен мандатот за новата влада од кога ќе почне да тече рокот за нејзино формирање. ев/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан