• сабота, 28 декември 2024

Во Собранието седници на две комисии

Во Собранието седници на две комисии

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања и Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат по Предлог на законот за Националната развојна стратегија, по скратена постапка, Предлог на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година и Предлог на одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, и двата во второ читање.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан