• среда, 25 декември 2024

Во Собранието во тек седница за пратенички прашања

Во Собранието во тек седница за пратенички прашања

Скопјењ, 21 ноември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска по гласањето на дневниот ред на 20-.седница, се одржува пленарна седница на чиј дневен ред се пратенички прашања.

Седницата за пратенички прашања не е најавена на веб страницата на Собранието. Претседателот на Собранието, Африм Гаши соопшти дека седницата ќе трае два часа, односно до 13:30 часот.

Од Собранието информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот усвоен во 2023 година, што почнува да се применува од овој мандат.

- Денешната седница е согласно Член 42 - (1) Пратенички прашања од пратениците од пратеничките групи во опозиција и од пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група се поставуваат еднаш месечно, во денот кога се одржува седница на Собранието. Доколку во текот на месецот не се свикани седници, претседателот на Собранието задолжително свикува една седница заради поставување на пратенички прашања. (2) Пратеничките прашања од ставот (1) на овој член се поставуваат по утврдувањето на дневниот ред на седницата во траење од два часа.. велат од собраниската прес-служба

На седницата, посочуваат, присуствуваат членови на Владата кон кои е упатено прашањето од пратениците од опозицијата.

Во рамки на 20-тата седница при утврдувањето на дневниот ред поддршка да одат по скратена постапка не добија законите за минимална плата и Предлог-измените на Законот за додадена вредност поднесени од пратеници од опозицијата. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан