• четврток, 19 декември 2024

Во Собранието почна седницата на Комисијата за труд и социјална политика

Во Собранието почна седницата на Комисијата за труд и социјална политика
Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија попладнево почна седницата на Комисијата за труд и социјална политика, на која треба да се расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. 
 
Претседателот на Комисијата Елмин Азири од Алијанса за Албанците ја отвори седницата и предложи да се изгласа дневниот ред, на што опозицијата имаше остра реакција со образложение дека претседателот треба да земе предвид дали дневниот ред треба да има измени или дополнувања пред да се гласа. 
 
Опозицијата забележа дека со седницата требало да претседава Рашела Мизрахи, која е заменик-претседател.
 
Предложениот закон предвидува измена со која се овозможува уредување на местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес за Република Северна Македонија. Дополнително се воведува можноста за работа во недела како и прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. свс/нд/

Остани поврзан