• петок, 27 декември 2024

Во Скопје 190 казнети возачи 

Во Скопје 190 казнети возачи 

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Само на територијата на Град Скопје вчера во рамки на акциската сообраќајна контрола се изречени вкупно 190 мерки, соопштија денеска од МВР.

Од вкупниот број изречени сообраќајни мерки, 13 се санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, 12 мерки за користење на мобилен телефон...  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан