• сабота, 23 ноември 2024

Во Скопје ќе се одржат 28. Републички пензионерски игри

Во Скопје ќе се одржат 28. Републички пензионерски игри

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) – Околу 400 пензионери денеска ќе се натпреваруваат во 11 спортски дисциплини во рамките на 28. Републички пензионерски спортски игри што ќе се одржат во комплексот „New Star“ во Визбегово, Скопје.

Според организаторите, игрите ќе ги отвори министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а се очекува да присуствува и претседателката Гордана Сиљановска Давкова. 

- На овој масовен собир ќе присуствуваат околу 600 пензионери, а ќе се натпреваруваат околу 400 пензионери спортисти во 11 дисциплини. Отворањето ќе биде во 9 часот, a на присутните ќе се обрати и ќе ги поздрави претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, стои во соопштението од Сојузот. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан