• среда, 27 ноември 2024

Во Скопје санкционирани 150 возачи 

Во Скопје санкционирани 150 возачи 

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Вкупно 150 мерки, меѓу кои 20 за возење повеќе од дозволената брзина, а 13 за возење без возачка дозвола, се изречени во текот на вчерашните контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје што ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје. 

Како што информира МВР, изречени се и седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум за користење мобилен телефон при возење, пет управување под дејство на алкохол...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан