• четврток, 26 декември 2024

Во Скопје Регионална конференција „Паметни и одржливи градови во Западен Балкан“

Во Скопје Регионална конференција „Паметни и одржливи градови во Западен Балкан“
Скопје, 12 мај 2022 (МИА) - Одржлив и паметен урбан развој, зајакнување на регионалната соработка и програми за техничка поддршка, се главните теми на дводневната регионална конференција „Паметни и одржливи градови во Западен Балкан“ што се одржува во Скопје, со цел креирање стратегии за паметни и одржливи градови. Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски на отворањето на регионалната конференција се осврна на активностите за имплементација на стратегијата Скопје паметен град. - Благодарение на дигиталните алатки и иновативните пристапи, стратегијата за Скопје – паметен град ќе ги приближи граѓаните до администрацијата и градските услуги и сервиси и ќе им овозможи активно учество во создавањето одржлива и здрава животна средина. Акцискиот план за Скопје дигитален град и мултидимензионален и покрива широка област на урбани предизвици на иновативен начин. Посветени сме на модернизирање на градската администрација и да ја направиме отворена за соработка со граѓаните, преку употреба на иновативни алатки да обезбедиме повеќе и поквалитетни услуги за сите засегнати страни и севкупно обезбедување подобри и поефикасни јавни услуги за граѓаните, рече Велковски, пренесуваат од прес-службата на Град Скопје. Конференцијата се реализира во рамките на Регионалната програма за техничка поддршка финансирана од Француската агенција за развој (ФАР), во организација на Град Скопје и ФАР. На конференцијата учествуваат претставници од Град Скопје, Тирана, Приштина и Подгорица, ФАР, француската локална самоуправа, француската амбасада, делегацијата на ЕУ, како и голем број домашни и меѓународни експерти за паметни и одржливи градови. На регионалната конференција, учесниците дискутирале за паметни и одржливи урбани практики, како и за операционализација и имплементацијата на стратегиите за паметни градови во Западен Балкан. Од страна на претставници на француската локална самоуправа биле презентирани искуства за имплементацијата на урбани иновации за реализацијата на стратегиите за паметни градови, а од француската мрежа на паметни градови „Les interconnectes“ билепрезентирани позитивните искуства од вмрежувањата на паметните градови, во насока на поттикнување идна соработка и вмрежување на паметните градови од Западен Балкан.фф/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан