• сабота, 23 ноември 2024

Во Скопје приведен криминалец баран со потерница

Во Скопје приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од  Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 14:10 часот во Скопје, на територија на Шуто Оризари, го лишиле од слобода Х.А. (39) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од една година и шест месеци.

Како што соопшти МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан