• среда, 25 декември 2024

Во Скопје приведена велешанка по распишана централна потерница

Во Скопје приведена велешанка по распишана централна потерница

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Денеска во 16.25 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги  при СВР Скопје на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје ја лишија од слобода Ј.Р.(40) од  Велес, со престој во Свети Николе.

Како што соопшти МВР, таа се барала по централна потерница распишана врз основа на наредба од Основен суд Свети Николе за издржување на казна затвор во врска со чл.391 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната. нд/

Остани поврзан