• недела, 07 декември 2025

Во Скопје одбележан 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот

Во Скопје одбележан 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот

Скопје, 20 мај 2025 

Со масовно учество на турската заедница, во Скопје свечено го одбележавме 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк и Празникот на младоста и спортот. Настанот се одржа во главниот град и беше организиран во духот на почит кон визијата на Мустафа Кемал Ататурк и важноста на младите како двигатели на општествениот развој.

На присутните им се обрати претседателот на ТХП, г. Енес Ибрахим, кој ја нагласи симболиката на овој значаен ден и посочи дека младите претставуваат иднината на турската заедница во Северна Македонија. Тој ја потврди заложбата на ТХП за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на Турците во државата, како и за нивната рамноправна застапеност во општеството.

Програмата беше збогатена со настап на познатиот турски поп-пејач Хакан Пекер, кој со своите изведби создаде одлична атмосфера и внесе уметнички белег на вечерта.

Партијата за движење на Турците – ТХП им изразува благодарност на сите кои беа дел од прославата во Скопје и придонесоа 19 Мај да биде достојно одбележан.  

 

Партија за движење на Турците - ТХП

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан