• петок, 20 декември 2024

Во Скопје казни за 108 возачи 

Во Скопје казни за 108 возачи 
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена сообраќајна контрола се изречени вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Како што информираа денеска од МВР, изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за некористење сигурносен појас... Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски контроли. цр/дма/

Остани поврзан