• недела, 24 ноември 2024

Во Скопје казнети 123 возачи, 13 биле без возачка дозвола

Во Скопје казнети 123 возачи, 13 биле без возачка дозвола

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во контролите во областа на сообраќајот на територија на град Скопје има изречено вкупно 123 мерки, Соопштија од МВР.

Меѓу санкционираните, за возење без возачка дозвола биле 13, изречени се 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.

- Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, стои во соопштението од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан