• четврток, 26 декември 2024

Во Скопје за 24 часа хоспитализирани се нови 42 ковид пациенти, дома се пуштени 24 оздравени

Во Скопје за 24 часа хоспитализирани се нови 42 ковид пациенти, дома се пуштени 24 оздравени
Скопје, 18 април 2021 (МИА) - Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 986 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а во Скопје се лекуваат 702 ковид пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1688 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 148 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 89, Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 99 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 114 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 35, Кавадарци 56, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Од Министерството за здравство информираат дека во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и седум биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца нови болни, а шест пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени шест пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 292 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 62 болни.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. бк/

Остани поврзан