• среда, 25 декември 2024

Во Скопје вчера казнети 127 возачи, 13 немале возачка дозвола

Во Скопје вчера казнети 127 возачи, 13 немале возачка дозвола

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Полицијата од СВР Скопје вчера при контрола на сообраќајот во Скопје санкционирала 127 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола. 

-Девет мерки за користење мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл..., соопшти Министерството за вбатрешни работи. 

МВР информира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за се зголеми безбедноста во сообраќајот. хс/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан