Во Сирија од колера починаа 29 луѓе
- Министерството за здравство на Сирија синоќа соопшти дека во земјата од колера починале 29 луѓе
![Во Сирија од колера починаа 29 луѓе](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113230847_big_730x400_11.webp )
Дамаск, 27 септември 2022 (МИА) – Министерството за здравство на Сирија синоќа соопшти дека во земјата од колера починале 29 луѓе.
На вчерашното тестирање потврдени се 338 случаи на колера, што е најголема бројка откако болеста првпат е регистрирана минатиот месец.
Најголем број на починати од колера регистрирани се во покраината Алепо.
Според Обединети нации во Сирија има најлоша епидемија на колера во изминатите неколку години.
Колерата е болест предизвикана од бактеријата Вибрио, која се пренесува преку храна и вода. Колерата предизвикува тешка дијареја и губење на вода во телото и може да биде фатална по животот доколку не се лекува. ми/