• среда, 25 декември 2024

Во Сибир исчезна лекарот кој го лекуваше Навални

Во Сибир исчезна лекарот кој го лекуваше Навални
Москва, 9 мај 20221 (МИА)  - Лекарот од Сибир кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако му се слоши минатата година во Русија, исчезна, соопшти денеска руската полиција. Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, соопшти дека лекарот Александар Мураховски ја напуштил ловната база во шумата во петокот со своето теренско возило и оттогаш не е виден.  Служби за итни случаи, беспилотни летала, хеликоптер и доброволци се на терен во напорите за потрагата. Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални. Потоа беше унапреден во регионален министер за здравство. зш/

Остани поврзан