• недела, 24 ноември 2024

Во септември во Албанија ќе пристигнат хеликоптери Блек хок, ќе се гради посебен хангар за нив

Во септември во Албанија ќе пристигнат хеликоптери Блек хок, ќе се гради посебен хангар за нив
Тирана, 13 април 2023 (МИА) - Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши информираше дека во септември ќе пристигнат двата средно-двомоторни хеликоптери Sikorsky UH-60 Black Hawk од САД.
 
- Овие хеликоптери ќе бидат сместени во воздухопловната база Фарка. За таа цел ќе биде изграден нов хангар за што се предвидени средства од 407 милиони леки или околу 3,5 милиони евра. Техничките детали за дизајнот се дадени во документите што ја придружуваат тендерската постапка, рече Пелеши.
 
Повеќенаменскиот хеликоптер „Блек Хок"  е во служба на армијата на САД и вооружените сили на 34 други земји ширум светот.
 
- Повеќе од 4.000 „Блек хок“ авиони од сите типови се во употреба денес ширум светот. Војската на САД е најголемиот оператор со 2.135 доделени авиони H-60. Истиот авион продаден на меѓународно ниво директно од Сикорски ја добива ознаката С-70, наведува весникот „Монитор".
 
Претходно министерот Пелеши најави дека земјата ќе ја вооружува својата војска со системи за воздушна одбрана со краток дострел Raytheon FIM-92 Stinger (Shorad) и противтенковски ракетни системи Raytheon/Lockheed Martin FGM-148 Javelin.
 
Албанија веќе има потпишано  договор за набавка од Турција на првите три беспилотни летала „Бајрактар” за што владата ќе потроши осум милиони евра. вт/паг/

Остани поврзан