Во село Будинарци започна третата сезона од акцијата за пошумување опожарени површини Боренка
- Во беровското село Буинарци денес започна третата сезона од акцијата за пошумување на опожарени површини Боренка. Во денешната акција која се реализира во соработка со Национални Шуми, се вклучија ученици од гимназијата Ацо Русковски од Берово, извидници од повеќе градови во државава, вработени во Комерцијална Банка и други институции и волонтери.
Берово, 20 ноември 2024 (МИА) - Во беровското село Буинарци денес започна третата сезона од акцијата за пошумување на опожарени површини Боренка. Во денешната акција која се реализира во соработка со Национални Шуми, се вклучија ученици од гимназијата „Ацо Русковски“ од Берово, извидници од повеќе градови во државава, вработени во Комерцијална Банка и други институции и волонтери.
Акцијата како што истакна Снежана Јанковиќ, генерален секретар на Сојуз на извидници на Македонија и координатор на Боренка е 14-та по ред од нејзиниот почеток.
-Почнуваме од село Будинарци од опожарена површина од 2021 година. Денеска пошумуваме заедно со нашите средношколци од средното училише „Ацо Русковски“ со нашите зелени поборници од Комерцијална Банка и секако Извидниците од неколку градови од нашата земја. Боренка е волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја која што е во соработка со Национални Шуми. Тие ја имаат целата експертиза, за нели нормално што, како, каде и колку се сади, а ние како млади луѓе сме тука нормално да се анагажираме, да активираме млади луѓе да дојдеме да помогнеме и на тој начин да вратиме на животната средина, истакна Јанковиќ.
Најважно во целата акција како што додава е секогаш да има и забавен дел со цел младите да имаат позитивно искуство, за повторно да земат учество и на следните акции.
-Ние се трудиме секогаш да има и забава заради тоа што тој момент е секогаш важен. Треба да дојдеме треба да работиме, меѓутоа младите треба да си поминат убаво, да имаат позитивно искуство, за да се пријават повторно да дојдат. Така што имаме музика, некои таблички за поголема видливост. Многу ни значи сите кои ја споделуваат оваа приказна, кои веруваат во нас и кои што секако сакаат да ни се придружат. Секој може да биде да биде дел од Боренка така што повелете, додава координаторката на Боренка.
На терен денес во Будинарци беше и заменик директорор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов кој рече дека Национални Шуми од пред неколку дена има започнато акции за пошумување на повеќе локации во Македонија.
-Причината што почнуваме малку доцна е што претходно временските услови не ни беа наклонети за пошумување. Беше премногу суво, немаше врнежи, од пред неколку дена имавме врнежи и состојбата е малтене идеална. Имаме најава за нови врнежи што претставува добар момент за да можеме една огромна површина да ја завршиме. За што всушност станува збор. Подружницата во Пехчево овде има обврска да оплемени околу 200 хектари што значи овде ќе направиме околу 50 хектари пошумување класично со садници и околу 150 со посејување. Исто така и подружницата во Берово и таму планираме да направиме преку 200 хектари, кои што ќе ги пошумиме со различни методи и со оние стотина хектари во Делчево планираме да надминеме бројка околу 500 хектари само во Малешевијата, рече Михаилов.
Според него ова е една огромна бројка која што Национални Шуми ја презела како обврска и бројка која според џаменик директорот ќе биде еден многу убав момент за периодот кој следи.
-Јас морам да кажам дека сум многу позитивно изненаден од младите кои што овде денеска заедно со Боренка се ангажирани. Во договор со Министерството за одбрана, во наредните денови ќе ни се вклучат и војниците во овие акции, Боренка ќе бидат секако тука. Нашите подружници ќе бидат секојдневно овде и сметам дека ќе направиме една добра приказна која ќе го врати зелениот сјај на овие огромно опожарени површини во Малешевијата кои за жал од пред неколку години беа однесени за многу краток период. Тоа е нешто кое е наша обврска која што мора да ја завршиме за нашите идни генерации, додаде Михаилов.
Подвлече дека Национални Шуми веќе работи на стратегија за наредните години по утврден план, преку истражувања и испитувања, а целта е да се работи на засадување автохтони видови.
-Што значи тоа, значи секаде секоја површина има одредена површина кои се тукашни, домашни и нашата цел ќе биде да од истите тие собереме семенски материјали, ги обновиме тие, собереме семенски материјали ги обновиме, направиме здрави квалитетни садници кои што после тоа ќе ги вратиме на површините каде еве домашно виреат. Тоа е она што најдобро ќе и дојде на природата затоа што ако садникот е автохтон, тој има најдобар прираст , најдобар зафат и сметаме дека ќе има најдобар раст и развој во периодот кој претстои, додаде Михаилов
За младата Елсисавета Лукановска која редовно учествува ма акциите на Боренка акцијата е одлилна можност младите да се вратат во природата.
-Боренка е една иницијатива која што малкуе не браќа во природата, како млади луѓе кои често сме затворени дома пред клмпјутери и опкружени со технологија. Единствениот начин како да дознаеме како да и вратиме на природата е ако излеземе и ја видиме прекрасната приорда околу нас. Тоа и сакаме да го постигнеме со тоа што секојдневно ги едуцираме младите луѓе. Заследете не на Биренка, да може да ги видите сите наши акции и да дознаете нешто оовеќе со шумите и нашата инцијатива за пошумување на опожарени површини, додаде Лукановска.
Покрај во Будинарци, како што додадоа од Национални Шуми, денес пошумување имаше и во Кумановскиот регион, а за наредната недела покрај во Малешевијата најавено е и во Македонски Брод, Гевгелија, Велес, во Скопскиот и Струмичкиот регион. вс/дма/
Фото: МИА