• петок, 27 декември 2024

Во седум земји-членки на ЕУ воведен дигитален ковид пасош

Во седум земји-членки на ЕУ воведен дигитален ковид пасош
Брисел, 1 јуни 2021 (МИА) - Седум земји-членки на Европска Унија од денеска воведуваат систем на сертификат за Ковид-19 за патувања, а во цела ЕУ во сила ќе стапат од 1 јули. Како што соопшти Европска комисија од денеска ковид пасош воведуваат Грција, Бугарија, Германија, Данска, Полска, Хрватска и Чешка, со што ќе биде олеснето патувањето. Сертификатите ќе бидат достапни за луѓето кои примиле две дози вакцина, имаат  негативен тест или прележале Ковид-19. Условите ќе варираат бидејќи одлуките се нодат на национално, а не на ниво на ЕУ. ми/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан