• недела, 01 септември 2024

Во светот од коронавирус досега заболеле над 73 милиони лица

Во светот од коронавирус досега заболеле над 73 милиони лица
Лондон, 14 декември 2020 (МИА) - Повеќе од 73 милиони лица во светот се заразиле со  коронавирус од почетокот на пандемијата, покажуваат најновите податоци што ги собра и анализира сајтот „Worldometers.info“. Бројот на умрени во светот веќе надмина 1,6 милиона, а бројот на оздравени сега изнесува 51 милион. Во моментов низ светот има 20.131.031 активни случаи, или 99,5 проценти, но од нив 106.299 лица се во сериозна состојба, или 0,5 проценти од вкупниот број на активни случаи. сд/  

Остани поврзан