• петок, 27 декември 2024

Во Свети Николе се изведува атмосферска канализација за неколку улици

Во Свети Николе се изведува атмосферска канализација за неколку улици
Штип, 15 мај 2020 (МИА) - Општина Свети Николе продолжува со градежната офанзива. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека почната е изведба на атмосферска канализација во населба Шутка и улица Ќиќевачка и Кумановска. -На овие улици и населба 20 години граѓаните од овој крај имаа проблеми со избивање на фекалии и поплавување на дворовите. Време е за решавање на проблемот. Изведувач на градежните работи е Изгрев инженеринг од Велес а вредноста на оваа инвестицијата е 1.000.000 денари, вели Велковски. Тој најави дека по завршување на овој проект  следува изведба на канализациска мрежа на Кнежевски пат и Рецко Маало-Рудина. Велковски за МИА вели дека заврши и целосната реконструкција на патниот правец од натпатникот од с.Пеширово до с.Ерџелија во должина од два километри. -Вредноста на инвестицијата е 8.300.000 денари, а финансиските средства се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и Општина Свети Николе. Остануваат во тек работите со банкините и испустите за атмосферска вода.Воедно, санирани се и поголем дел од ударните дупки во село Ерџелија, вели Велковски. Тој забележа дека по  50 години , конечно е решен еден  горчливиот проблем на граѓаните од овој регион во овчеполието. -За две години, успеавме комплетно да го реконструираме овој патен правец од село Пеширово до село Ерџелија во должина од три и пол километри. Вкупната инвестиција за истиот е 13.500.000 денари, тоа го ветивме во предизборјето, дојде ред и да го исполниме, рече Велковски. вдј/ир

Остани поврзан