• петок, 27 декември 2024

Во Свети Николе се гради канализациска мрежа зад Здравствениот дом

Во Свети Николе се гради канализациска мрежа зад Здравствениот дом

Штип, 12 мај 2021 (МИА) - Во Свети Николе се решава децениски проблем со отпадните води. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски информира дека од денеска стартува реализација на уште инфраструктурен проект „Изградба на фекална канализација со пумпна станица Фаза 1“ на потегот позади Здравствен дом „Г.Гаврилски“ во Свети Николе.

-Вредноста на инвестициските работи е во износ од околу 2.000.000 денари и тие се обезбедени од буџетот на општина Свети Николе. Со реализацијата на овој проект го решаваме повеќедеценискиот проблем со отпадните води од овој дел на Свети Николе. Тој во оваа фаза предвидува пумпна станица, 13 канализациски  шахти и канализациски цевки во должина од 500 метри, вели Велковски.

Фирмата  Баџак инжинеринг и комуналното претпријатие „Комуналец“ - Свети Николе ги изведуваат градежните работина терен. вдј/сст/

Остани поврзан