• четврток, 26 декември 2024

Во Саудиска Арабија претставен проект за нова патека во Формула 1

Во Саудиска Арабија претставен проект за нова патека во Формула 1

Ријад, 5 март 2024 (МИА) - Големата награда на Саудиска Арабија во иднина ќе се пресели на нова патека. Во моментов, Големата награда на Саудиска Арабија, која се појави на календарот на Формула 1 во 2021 година, се одржува на урбаната патека во Џеда.

Сепак, организаторите однапред најавија дека ова ќе биде привремено решение - а во иднина Гран при ќе се одржува на нова патека во Кидија - специјален комплекс кој се гради на 45 километри од Ријад.

Поранешниот Формула 1 возач Алекс Вурц и сопственикот на архитектонско биро, Херман Тилке, работеа на проектот на патеката.

Најзабележителна карактеристика на трасата ќе бидат тешките висински промени. Патеката содржи 21 свиок, разликата помеѓу најниската и највисоката точка ќе биде 108 метри.

Се смета дека Џеда ќе продолжи да биде домаќин на ГП на Саудиска Арабија, кој се одржува овој викенд, до 2027 година. зс/

Фото: „Qiddiya Media“

Остани поврзан