• четврток, 26 декември 2024

Во Саудиска Арабија егзекутирани 81 човек

Во Саудиска Арабија егзекутирани 81 човек
Ријад, 12 март 2022 (МИА) - Во Саудиска Арабија денеска се погубени 81 човек поради злосторства поврзани со тероризмот. Помеѓу егзекутираните се и седум Ерменци и еден државјанин на Сирија, како и припадници на Ал Каеда, на Исламска држава и Хути. Според саудиските власти погубените лица планирале напади и шверцувале оружје во Саудиска Арабија. Тие се осудени за тероризам и „девијантни убедувања“. Саудиска Арабија е позната по строгите кривични закони, како и по масовните егзекуции, но денешната е најмасовна во еден ден. Во 2019 година беа обезглавени 37 луѓе, а во јануари 2016 година - 47. По заземањето на Големата џамија во Мека во 1980 година беа егзекутирани 63 лица. ми/

Остани поврзан