• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Сараево средба Шмит - Вархеји

Во Сараево средба Шмит - Вархеји

Сараево, 4 јуни 2024 (МИА) - Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит во Сараево се сретна со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, соопшти Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).

-Одличен разговор со еврокомесарот Вархеји за политичките случувања и перспективите за интеграција во ЕУ во БиХ, се наведува во соопштението.

Високиот претставник ја истакна потребата за посилен фокус на иднината и реформите што ќе ја усогласат БиХ со стандардите на ЕУ.

-Политичките расправии и реториката на поделби никому не му носат ништо, заклучи Шмит. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан