• сабота, 28 декември 2024

Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Северна Македонија и на БиХ

Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Северна Македонија и на БиХ

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) - Ретроспектива на анимирани филмови од Северна Македонија и Босна и Херцеговина со филмска изложба и реализација на проекции на анимирани филмови од двете земји ќе се одржи денеска и утре во Сараево, во кино Митинг Поинт.

Настанот е на инцијатива на НУ Филмски Центар „Вардар Филм“ – Скопје, а го организираат заедно со Сараевскиот филмски центар.

-Филмската изложба ќе го презентира развивањето на анимираниот филм во нашата земја низ годините се до денес, преку изложба и презентација на постери, фолии, кукли и други материјали од анимираните филмови во продукција на Вардар Филм и од новите македонски анимирани филмови. Филмските проекции ќе опфаќаат прикажувања на неколку анимирани филмови од минатото и сегашноста, со што ќе се направи една ретроспектива на македонскиот и босанскиот анимиран филм, наведуваат организаторите.

На проекциите и разговорите каде тема ќе биде анимацијата во минатото и сега, ќе присуствуваат директорот на НУФЦ Вардар Филм - Скопје Сани Саиди со дел од неговиот тим и авторите Жарко Иванов и Крсте Господиновски. Од земјата домаќин, најавено е учеството на млади филмски работници, на познатиот босански аниматор проф. Митад Ајнович како и директорката на Сараевскиот филмски центар, Инес Танович. вг/лв/

 

Фото: Вардар филм (принтскрин)

Остани поврзан