• среда, 25 декември 2024

Во Сан Антонио загина вработен во авиокомпанија откако бил вовлечен во моторот на авионот

Во Сан Антонио загина вработен во авиокомпанија откако бил вовлечен во моторот на авионот

Сан Антонио, 25 јуни 2023 (МИА) - Аеродромски работник вработен во „Делта ерлајнс“ почина откако бил вовлечен во мотор од авион на пистата на меѓународниот аеродром во Сан Антонио.

Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) потврди дека член на копнениот екипаж на авиокомпанија починал откако бил вовлечен во моторот на летот на „Делта ерлајнс“. Агенцијата опишува дека работникот бил „проголтан“ во моторот.

Властите ја истражуваат смртта на членот на копнениот екипаж на авиокомпанија.

„Делта лет 1111 се движеше до капијата со еден мотор вклучен во тоа време, а работникот беше вовлечен во тој мотор во 22:25 часот“, се вели во соопштението на НТСБ.

Вработениот работел за компанија со која Делта ерлајнс склучува договор за да обезбеди поддршка за операции на копно.

„Скршени сме од тага поради загубата на животот на член на семејството на воздухопловот во Сан Антонио. Нашите срца и целосната поддршка се со нивното семејство, пријателите и најблиските во овој тежок период“, се наведува во соопштението на компанијата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан