• недела, 28 јули 2024

Во САД ќе се уриваат згради во комплекс за тестирање нуклеарни горива

Во САД ќе се уриваат згради во комплекс за тестирање нуклеарни горива
Лос Анџелес, 21 мај 2020 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави уривање на десет контаминирани згради на некогашниот државен лабораториски комплекс за тестирање нуклеарни горива и течен метал во близина на местото Санта Сузен, северозападно од Лос Анџелес. Тој лабораториски комплекс е отворен во 1940 година, а во 2010 година е издаден судски налог за негово уривање. Уривањето и безбедното отстранување на остатокот десет згради е неопходно со цел да се намали ризикот од нуклеарна контаминација во случај на сезонски шумски пожари во околината на комплексот во Санта Сузен. гт/

Остани поврзан