Во САД ќе биде изречена казна за рускиот хакер Левашов
- Американските сојузни обвинители бараат повеќегодишна затворска казна за притворениот руски хакер Патер Левашов, кој раководеше со мрежа на апарати за кражба на податоци, дистрибуција на неса
Вашингтон, 20 јули 2021 (МИА) - Американските сојузни обвинители бараат повеќегодишна затворска казна за притворениот руски хакер Патер Левашов, кој раководеше со мрежа на апарати за кражба на податоци, дистрибуција на несакани (спам) мејлови и инсталирање на штетен софтвер ширум светот.
Левашов, познат и како „бот мастер“ е уапсен во 2017 година додека беше на летување во Шпанија и е екстрадиран во САД и покрај спротивставуивањето на Русија. Тој уште во 2018 година ја призна вината за завера, измама на интернет и кражба на идентитети и други дела.
Обвинителите бараат 40-годишниот хакер да биде осуден од 12 до 14 години затвор. Според обвинителите софтверите на Левашов „заразиле“ 200.000 компјутери од кои тој преземал мејлови, налози и шифри. ми/