• сабота, 27 јули 2024

Во САД уапсен водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа

Во САД уапсен водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа

Вашингтон, 26 јули 20245 (МИА) – Водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија американските федерални власти.

Замбада (76) го основал картелот заедно со Хоакин Ел Чапо Гузман, кој моментално е во затвор во САД. Синот на Хоакин Ел Чапо Гузман, Хоакин, беше уапсен заедно со Замбада во Ел Пасо

Во февруари Замбада беше обвинет во Бруклин за илегална трговија со фентанил, а двајцата се обвинети за насочување на криминалните операции на картелот во САД, вклучително и производство и трговија со фентанил.

Замбада е уапсен по повеќегодишното бегство, а за информации за него беше понудена награда од пет милиони долари од Стејт департментот, додека наградата на ДЕА беше 15 милиони долари. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан