• недела, 24 ноември 2024

Во САД температурите се спуштаат и до минус 45

Во САД температурите се спуштаат и до минус 45

Вашонгтон, 23 февруари 2023 (МИА) - Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми.

Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови.

Налетите на ветрот би можеле да достигнат брзина од 80 километри на час, а во некои делови на САД, под влијание на екстремно студен бран, температурите би можеле да паднат до минус 45 Целзиусови степени.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе им помогне на возачите заглавени во снежната бура, бидејќи синоптичарите прогнозираат до еден метар снег за некои делови од северните држави - најобилни снежни врнежи во изминатите 30 години.

Во исто време одредени делови од источниот дел на САД имаат екстремно високи температури - во Орландо, Флорида би можеле да достигнат до 32 Целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени, најавија метеоролозите. паг/

фото: ЕПА

Остани поврзан