• недела, 24 ноември 2024

Во САД се урнаа две брани, во Мичиген евакуирани илјадници луѓе

Во САД се урнаа две брани, во Мичиген евакуирани илјадници луѓе
Мидлаенд, 20 мај 2020 (МИА) – Властите на американската сојузна држава Мичиген прогласија вонредна состојба за една област откако на тоа подрачје после обилни дождови и поплави се урнале две брани. Браните Еденвил и Санфорд попуштиле синоќа, информира гувернерката Гречен Витмер и ги повика сите жители на погодените подрачја од областа Мидленд итно да се евакуираат. Според неа, во наредните 12 до 15 часа во градот Мидленд би можело да има до три метри вода. Претставник на локалните власти соопшти дека до сега се евакуирани 10.000 луѓе и оти досега нема информации за повредени или загинати. јт/

Остани поврзан