• среда, 25 декември 2024

Во САД прогласена вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници

Во САД прогласена вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници
Вашингтон, 4 август 2022 (МИА) - Властите во САД прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради мајмунските сипаници. Таквиот потег ќе ослободи средства за итни случаи и ќе укине некои бирократски пречки, јавија американските медиуми. Објавата доаѓа повеќе од една недела откако Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на тој вирус. - Подготвени сме за наш одговор на следно ниво во справувањето со тој вирус и го повикуваме секој Американец сериозно да ги сфати мајмунските сипаници, нагласи секретарот за здравство, Ксавиер Бесера, на брифингот со новинарите. зш/

Остани поврзан