• понеделник, 18 ноември 2024

Во САД затворен сајт, кој продавал непостоечки вакцини против Ковид-19

Во САД затворен сајт, кој продавал непостоечки вакцини против Ковид-19
Вашингтон, 23 март 2020  (МИА) – Американското Министерство за правда нареди затворање на интернет-страницата која продавала лажни вакцини против новиот коронавирус. Исто така е покрената е федерална истрага протв сајтот „coronavirusmedicalkit“. Федерален судија од Тексас во саботата нареди затворање на сајтот, но интернет-страницата била активна до неделата вечерта.  Сајтот тврдел дека Светска здравствена организација доделува вакцина против новиот коронавирус и за истата треба да се уплатат 4,95 долари за транспорт. Министерството за правда не соопшти колку луѓе биле излажани бидејќи не постои вакцина против Ковид-19. Истрагата треба да ги открие измамниците и да утврди колу заработиле. ми/

Остани поврзан