• четврток, 26 декември 2024

Во руското гранатирање во регионот Херсон оштетена болница

Во руското гранатирање во регионот Херсон оштетена болница

Киев, 5 октомври 2023 (МИА) - Руското гранатирање во областа Херсон предизвика сериозна штета на болница, напиша на Фејсбук Олександр Прокудин, украинскиот регионален гувернер на Херсонската област.

Четвртиот кат од болницата во градот Берислав е „целосно уништен“, а останатите катови се оштетени, додаде Прокудин.

Нападите врз болниците се сметаат за воени злосторства.

Берислав, кој се наоѓа на брегот на реката Днепар, често е под напад од руските сили бидејќи е блиску до линијата на фронтот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан