Во руски ракатен напад урната ТВ кулата во украинскиот град Харков
- неколку недели беше цел на серија руски напади со ракети и беспилотни летала. -Во моментов има прекин во дигиталниот телевизиски сигнал, изјави регионалниот гувернер Олех Синијехубов. Тој додаде дека нема жртви бидејќи работниците биле во засолниште.
Харков, 23 април 2024 (МИА) - Телевизиска кула, висока 240 метри, во украинскиот град Харков вчера се преполови и се урна на земја по рускиот ракетен напад врз телевизиската инфраструктура, соопштија локалните власти,.
Во прекин е емитувањето на ТВ сигналот во вториот по големина украински град, што во последните неколку недели беше цел на серија руски напади со ракети и беспилотни летала.
-Во моментов има прекин во дигиталниот телевизиски сигнал, изјави регионалниот гувернер Олех Синијехубов. Тој додаде дека нема жртви бидејќи работниците биле во засолниште.
На снимката од местото на настанот се гледа како главниот столб на кулата се крши и паѓа додека облак чад се крева на небото.
Од снимката не е јасно што ја погодило кулата, но властите во Харков рекоа дека Русија најверојатно во нападот користела крстосувачка ракета „Кх-59“.
Русија првпат ја нападна телевизиската кула во Харков на почетокот на март 2022 година, непосредно по почетокот на инвазијата врз Украина. Сигналот, и тогаш, беше во прекин. сд/
фото:Скирншот Инстаграм