• четврток, 26 декември 2024

Во руски напад на Дњепар оштетена термоцентрала

Во руски напад на Дњепар оштетена термоцентрала

Киев, 13 февруари 2024 (МИА) - Во ноќешниот напад на руските сили со ракети и дронови врз градот Дњепар, во централна Украина, оштетена е термоцентрала, а дел од градот остана без вода, соопштија украинските власти.

Нападот на градот со нешто помалку од милион жители е извршен со проектил и четири групи беспилотни летала од повеќе правци, се наведува во објавата на Телеграм од Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.

Најголемиот приватен украински енергетски дистрибутер ДТЕК соопшти дека термоцентралата е значително оштетена и дека во нападот нема жртви.

Надлежните изјавија дека „поради прекин на струја“ делумно е прекинато водоснабдувањето.

Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов, изјави дека е погодена инфраструктурата, но не даде повеќе детали.

Украинската армија соопшти дека над регионите Дњепропетровск, Запорожје и Херсон биле уништени руски беспилотни летала „Шахед-136/131“, од 23 ударни беспилотни летала, со кои руските сили го извршиле нападот ноќеска. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан