• среда, 27 ноември 2024

Во рускиот град Вороњеж гори голема фабрика

Во рускиот град Вороњеж гори голема фабрика

Вороњеж, 22 април 2024 (МИА) – Руските медиуми утринава известуваат за пожар во фабриката „Елмаш“, во рускиот град Воронеж, изјави Антон Герашченко, поранешен советник на украинското Министерство за внатрешни работи.

Тој во својот твит на Х додаде дека пожарот зафатил околу 3.000 метри квадратни.

Во руската фабрика се произведуваат менувачи, мотори, сопирачки, индустриски вентилатори и слично.

Засега нема извештаи за жртви.сд/

фото:Х

Остани поврзан