• недела, 10 ноември 2024

Во Русија почна судски процес против тројца адвокати кои го застапуваа Алексеј Навални

Во Русија почна судски процес против тројца адвокати кои го застапуваа Алексеј Навални

Москва, 12 септември 2024 (МИА) - Во Русија денеска почна судскиот процес против тројца руски адвокати кои го застапуваа починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални.

Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липсер беа уапсени во октомври 2023 година под обвинение за учество во екстремистичка група. Судењето се одржува во град на околу 100 километри источно од Москва.

Според сојузниците на Навални, властите ги обвинуваат адвокатите дека го користеле својот статус на бранители за да  доставуваат писма од затворениот политичар до неговиот тим и на тој начин служеле како посредници меѓу Навални и неговата организација, која властите ја категоризираат како „екстремистичка група“.

Организациите на Навални во Русија беа забранети и означени како екстремистички групи во 2021 година - чекор што ги изложи сите поврзани со нив на закана од кривично гонење.

Навални отслужи неколку затворски казни од вкупно 19 години, вклучително и за обвиненија за екстремизам, по судската одлука од 2021 година со која неговите организации беа означени како екстремистички. Тој и неговите сојузници ги отфрлија сите обвиненија против него како политички мотивирани и го обвинија Кремљ дека сака да го затвори доживотно.

Во февруари 2024 година, тој ненадејно почина во казнена колонија во Сибир. Тимот на Навални и неговата сопруга Јулија сметаат дека тој бил убиен по наредба на Кремљ. Руските власти ги отфрлија обвинувањата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан